петок, 25 април 2008

ОХРИДСКИОТ БЕРМУДСКИ ТРИАГОЛНИК



Се зборува дека еден маѓепсан триаголник на оној Бермудскиот постои и на Охридското Езеро – поточно на југоисточниот брег: трите точки се следниве: Првата се наоѓа нешто појужно од селото Пештани, Втората се наоѓа кај манастирот Свети Наум и Третата е на 6 км во езерото.

Првиот знак е ако над Галичица се појави густ, хоризонтален облак во вид на легната греда. Одеднаш почнува да дува силен ветар, водата станува темна и се подигнуваат високи бранови. Изгледа како површина на езерото да врие, па во еден момент се создаваат страшни вртлози, а во другиот од исто место се креваат водени столбови како по експлозија.

Забележано е дека еден албански брод, што превезувал железо од Охрид за Подградец, после Пештани се нашол во вакво невреме и дека исчезнал. Никогаш не нашле ниту човек, ниту најмал остаток од бродот. Или за човекот кој успеал да се пикне под превртениот чамец и така да се спаси, додека неговите сопатници ги снемало за секогаш. Многумина ја изгубиле главата на ова опасно место, а оние кои ја преживеале, по правило, подоцна се многу внимателни кога пловат по истата маршута. Што се однесува до поново време не се забелеани несреќи, што е веројатно резултат на брзите моторни чамци.


Нема коментари: